На паркингот спроти Холидеј Ин, оставени стари автомобилски гуми (фото)

-Ваква е сликата во моментов на паркингот спроти Холидеј Ин, прашање на време е кога некој ќе ги собере за огрев, пишува еден загрижен скопјанец на Фејсбук.

Еден тон стари и уништени гуми кои се наоѓале во дворовите кај граѓаните, како отпад кој досега беше пален на отворена површина, заплениле комунални инспектори при увид на дивата депонија во Вардариште.

– Откако депонијата во Вардариште беше мапирана како една од критичните точки за загадување на воздухот, комуналните инспектори на општина Гази Баба, заедно со Инспекторатот на град Скопје, Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007 и МВР, денеска извршија увид на дивата депонија во Вардариште. При увидот, извршена е заплена на 1 тон стари и уништени гуми кои се наоѓале во дворовите кај граѓаните, отпад кој досега беше пален на отворена површина, со што значително се загадуваше животната средина, информираа од општина Гази баба.