На околу 40 медицински сестри од Клиниката за инфективни болести не им е продолжен договорот за работа

На околу 40 медицински сестри од Клиниката за инфективни болести не им е продолжен договорот за работа, објави новинарот Фуркан Салиу. Меѓу тие сестри се и Азра и Исра, чии лица со лузни од носење заштитина опрема станаа синоним за борбата на медицинскиот персонал со ковид-19.

Лузните кои се појавуваа на лицето на Азра после цел ден носење на заштитна опрема, борејќи се да спаси живот повеќе беа многу битни за министерот Венко Филипче, кога требаше да ги објавува нејзините слики и да го користи нејзиниот труд за ПР.

Денеска тие лузни се заборавени! Заборавени се затоа што требаше да им се продолжи договорот.

Во време кога има недостиг на кадар, кога директорката на ИМП јавно изјави денеска дека би било добро ако има уште неколку екипи, Азра, нејзината другарка Исра, и на уште 40-тина медицински сестри, не им е продолжен договорот.

Замислете како би требало да се чувствуваат другите медицински сестри или лекари кога ќе прочитаат дека Азра и Исра, работеле од 01.11.2019 до 31.10.2020, во најтешкото време, кога не знаевме ни колку опасен може да биде вирусот, без здравствено осигурување, а денеска, без ниту едно објаснување се оставени на улица.

Навистина би сакал да верувам дека сум во сигурни раце кога ќе отидам во државна клиника, но зошто мене лекар да не ме третира, како што министерството и власта ги третира овие медицински сестри?, пишува Салиу.