На 7 септември почесна артилериска стрелба за Денот на независноста

 

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  по добиеното известување од Министерството за одбрана  и Генералштабот на АРСМ, ги известува граѓаните дека:

По повод 8 – Септември, ден на независноста на Република Северна Македонија, ќе се изврши почесна артилериска стрелба:

  • На ден 07.09.2021 г. во 16:00 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со истрел од 1 (еден) плотун од 6 (шест) артилериски орудија (хаубица 105 мм).

  • На ден 07.09.2021 г. во  време од 18:30  до  19:00 часот ќе се изврши почесна  артилериска стрелба со истрел од 10  (десет) плотуни од 6 (шест) артилериски орудија (хаубица 105 мм)

Артилериската стрелба ќе се изврши од касарната – Илинден во Скопје