МВР потврди: Триесетиосум годишен скопјанец е убиен вчера во Ѓорче Петров

Министерството за внатрешни работи утрово потврди дека вчера во 21.38 часот било пријавено убиство во населбата Ѓорче Петров.

Според информациите од полицискиот билтен на ул.“Шарпланинска“ во населба Даме Груев во Скопје, имало лице кое лежи без знаци на живот и до него возило “Пасат“ со скопски регистерски таблички, за кое подоцна било утврдено дека е сопственост на Д. Н. (65).

Полициски службеници и јавен обвинител излегле на местото на настанот и преземени се соодветни мерки и активности. Утврдено е дека убиениот е  Д.Н. (38) од Скопје, а делото е извршено со огнено оружје.

Телото е предадено на обдукција. Едно лице е приведено во полициска станица. По насоки на јавниот обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.