Музичка забава со Гоце САФ и Лозано денеска во „Винтерленд“

Од 15 декември до 31 декември, Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“ на плоштадот „Македонија“.

Во пресрет на новогодишните празници, овој викенд е одлична можност да го посетите „Винтерленд“ и да уживате во новогодишната атмосфера со голем број забавни содржини и богата културно-забавна програма.

За љубителите на зимските спортови поставено е и бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“.Програмскиот дел денеска почна во 12 часот со детската претстава „Земја во која не се стигнува“, како и со улични забавувачи и дружење со Walt Disney маскоти, а во 13 часот е настапот на „Златно славејче“.

Вечерната музичка забава во Винтерленд почнува во 20 часот со Гоце САФ, а продолжува во 22 часот со настапот на Влатко Лозаноски – Лозано.

Дојдете и бидете дел од новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“.