Муцунски: Вистинската работа е пред нас, сега имаме одговорност да ги исполниме своите ветувања

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Тимчо Муцунски, кој е и актуелен градоначалник на скопската општина Аеродром, со објава на својот фејсбук профил. 

- Неверојатна победа! Ви благодарам од срце за поддршката, порача тој. 

- Ова не е успех само на ВМРО-ДПМНЕ, туку на сите граѓани. Ова е огромна победа за секој еден од вас кој одлучи да го даде својот глас за политики кои Македонија ќе ја однесат чекор напред кон подобра иднина за секој од нас.

Но, ова е само почеток. Вистинската работа е пред нас. Сега имаме одговорност да ги исполниме своите ветувања дадени пред граѓаните и Македонија да ја вратиме на вистинскиот пат. Заврши времето на погрешни политики, лоши одлуки и потези на штета на граѓаните.

Македонија добива жена претседател и Влада каква што заслужува, напиша Муцунски денеска по вчерашниот голем успех на неговата партија на двојните избори.