Мотициклист се заби во метален столб на „Партизанска“

Денеска во 04.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(37) од Скопје, удрил во метален столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Џ.А.(36) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираа од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.