Момче претепано од група насилници во Мичурин

Вчера во населбата Мичурин во Скопје е претепано момче од страна на група на насилници.

„На 04.04.2018 година околу 18.30 часот пријавено е дека во парк на улица “Анастас Митрев“ во Скопје, поголема група непознати лица (на возраст од 16 до 18 години) физички го нападнале Д.Ц.(23). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот“ соопшти МВР.