Моќниот бизнисмен се сопна на средно Водно - што ги помати сметките на Тинекс во Македонско село?

Убавиот, традиционален, автентичен македонски амбиент не беше доволно привлечен за и преку зима да привлечен гурмани и туристи.  Преку лето полно, а во зима празно како и голем дел од македонските села.

„Ве информираме дека менаџментот на комплексот ‘Македонско Село’ донесе одлука за затворање на комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток). Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години“, пишува во постот на „Фејсбук“, објавија вчера.

Тодоровиќ за етно-селото плаќа концесија од 3 500 евра со ДДВ. Тодоровиќ со концесијата доби на располагање комплекс од 12 000 квадратни метри, односно ресторан, музеј, амфитеатар, воденица и други објекти. Се чини рентабилноста на објектот била доведена во прашање и тоа е причината која ги помати сметките на големиот и моќен играч на пазарот.

Комплексот „Македонско село“ е инвестиција на Владата вредна 6,5 милиони евра. Изградбата чинеше 5.2 милиони евра, за внатрешно уредување беа потрошени 1.3 милиони евра, 24 илјади евра беа потрошени за електромобили кои служеа за пренесување на куферите на гостите во селото, 4 200 евра беа потрошени за патоказите и ознаките на комплексот, а 2 700 евра чинеа клупите и корпите за отпадоци.