Популарниот балет “Оревокршачка” на музика на П.И.Чајковскии, според сказната на Т. А. Хофман и во кореографија на Василиј Иванович – Ваинонен (Русија), по барање на публиката ќе има три изведби на сцената на Македонската опера и балет, на 30, 31 јануари и 2 февруари (20 часот).

Настапуваат првенци, солисти и целиот балетски ансамбл, како и оркестарот на МОБ под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Во улога на Маша ќе настапи Марија Кичевска- Шокаровска, а во улога на принц ќе го видиме Бобан Ковачевски.

Сценографијата е на Анатолиј Нежњи (Русија),а костимографијата на Љупка Ристовска.