МНТ: Средствата од претставата „НЕ СЕ КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ“ ќе се донираат за Сара Настеска

Во апелите за помош за 15 годишната Сара Настеска се вклчува и Македонскиот народен театар.

 Од оваа институција соопштија дека МНТ и продукцијата на „НЕ СЕ КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ“, одлучиле средствата од изведбата на 11.11 да бидат уплатени на сметката на САРА НАСТЕСКА. Затоа цената на билетот ќе биде покачена на 500 ден. 

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн. Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.

Во хуманоста за Сара се вклучи и Зоолошката градина во Скопје. Имено во сабота 

 ќе се одржи хуманитарен настан а вие искористете ја можноста и донирајте.

Од 12:00-15:00 посетителите ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со Дизни ликовите Мики и Мини Маус, а притоа и да донираат за Сара на која итно и е потребна трансплантација на коскена срж.

На Сара Настеска и е дијагностициран „Anemija Aplastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува  правилна регенерација на крвта во организмот.

Викендов беше полн со спортски хуманитарни активности се игра ракомет кошарка и фудбал потоа ,културни ,музички и други бројни настани  а на повеќе локации во градот поставени се кутии со знакот на Црвен крст во кои секој ќе може да донира финансиски средства според своите можности и желба.

Сите добри луѓе уште еднаш имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Овој пат, за лекување на 15-годишната Сара Настеска од Охрид .

Сите кои се во можност можат да помогнат со уплата на средства на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.

И на телефонските броеви:

T-mobile 143102

VIP 143480