МНР објави телефонски линии за прашања од дијаспората во врска со пописот

По објавувањето на веста дека од 1 март започнува попишувањето на дијаспората, отворени се и дежурни линии за нивните прашања. 

Самопишувањето на лицата во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку следниве веб-страници:

www.stat.gov.mk

https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx

Телефонски броеви за контакт за информации за Попис 2021 при Министерството за надворешни работи:

075 268 732 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

075 268 734 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

075 268 745 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

Овие броеви, појаснуваат, се наменети за сите оние граѓани од дијаспората кои имаат некакви недоразбирања во однос на тоа како ќе се изведува процесот или кои сакаат да добијат дополнителни информации за конзуларното претставништво најблиску до нив.