Младите лекари изреволтирани излегуваат на протест, бараат достоинствени плати

Младите лекари излегуваат на протест, пред Министерството за здравство, каде ќе бараат достоинствени плати.

- Нашите помлади колеги решија повеќе да не молчат и јавно преку протест да го изразат својот револт од односот на здравствените власти кон нив. Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ во целост го поддржува протестот на младите колеги и АПЕЛИРА до секој оној колега кој сака подобар статус да дојде и излезе на овој протест!“, велат од Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ. 

Протестот е закажан за 27. март, во 11 часот пред Министерството за здравство.