Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Денес Димитар Ковачевски си дава оставка, ова е почеток на крајот на СДС и ДУИ. Ковачевски е премиерот кој донесе само понижувања, криминал и корупција. Ковачевски е премиерот кој најмногу ја оддалечи Македонија од ЕУ, го забрза иселувањето и ја зголеми сиромаштијата, истакна на прес-конфренција Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, заради Ковачевски, Македонија оваа година го доби најнегативниот Извештај од ЕК. А пораките од европските претставници за неподносливата корупција во Македонија, коко што вели, не запираат да доаѓаат.

„Од 2% доверба во судството, до партизирана администрација и тепање на контролори на летање од бандити на ДУИ, тоа се Ковачевски и СДС.

Никогаш повеќе нема да се случи Македонија да биде водена од неспособни кадри како Ковачевски, затоа што на 8-ми мај народот со ВМРО-ДПМНЕ ќе ги порази и испрати во заборав.

Во изминатава година со Ковачевски како премиер се случија најголемите скандали и понижувања на македонскиот народ и Македонија“, рече таа.

Оценува дека нема област во која Ковачевски може да се пофали дека направил нешто, исто како што нема област во која може да каже дека не направил скандал.