Мирување, течности повеќе, храна ако е можно и трпение, советува доктор Трајковски за „бранот“ настинки периодов

Зголемен број на заразени со грип, настинка, но и ковид деновиве кои ги преполнија болничките амбуланти. 

Доктор Бојан Трајковски од Скопје ја потврдува алармантната состојба.  

- Напилив на пациенти има особено многу. Очекувано и традиционално после нова година секогаш гледме зголема бројка на пациенти и тоа перидов ковид, инфлуенца и настинки се најчестите, потврдува доктор Трајковски за Скопје Инфо. 

Во однос на симптомите вели: 

- Најмногу се пропратени со температура, кашлица, омалаксаност, главоболка, стомачни тегоби, повраќање и слично.

Главниот совет до пациентите е да одмараат во деновите кога не се чувствуваат добро. 

- Трае 2,3  до 6, 7 дена и најчесто стабилизирањето е само од себе, без некоја посебна терапија. Согласно крвната слика третираме ако има потреба од посериозна терапија, а кога е мирна крвната слика буквално го советуваме пациентот да одлежи. Препораката е многу мирување, течности повеќе, храна ако е можно и трпение, препорачува доктор Трајковски.