Министерството за здравство тврди: Инсулинска криза нема

Министерството за здравство соопшти дека во Република Македонија нема инсулинска криза.

Преку донација од компанијата производител, посочуваат од Министерството, се обезбедени доволни количества инсулин во земјава.

- Министерството ги уверува болните од дијабетес, кои имаат потреба од инсулин дека може да бидат спокојни, бидејќи овој лек го има. Проблемот кој го имавме неодамна, беше причина повеќе Министерството да почне со изработка на ново законско решение, процес кој веќе е во тек, односно веќе се работи на системско решавање на овој проблем и создавање предуслови, со кои ќе спречиме во иднина да се јавуваат вакви или слични проблеми, бидејќи не смее да биде загрозено здравјето на ниту еден поединец во Република Македонија, стои во соопштението.