Минималната плата ќе се покачи за 1000 денари ама затоа функционерската ќе рипне за дури 400 евра

Нова година но и ново покачување на функционерските плати. Во оваа година избраните и именуваните лица ќе земаат дополнителни 400 евра на веќе зголемените 78 % плати. Она што дополнително создрава фрустрации кај јавноста е што наспроти ваквото енормно зголемување кај функционерите, минималната плата ќе се зголеми за едвај 1000 денари. Работната група што ја состави Владата за намалување на платите никако да дојде до решение како тие да се намалат, што е многу разбирливо. Многу е полесно да покачиш него да намалиш, тогаш треба да има консензус, согласност од повеќе луѓе,измена на многу закони итн..итн..

Вчера новинарите му поставија прашање на премиерот Ковачевски околу дополнителното зголемување на платите од 400 евра на што тој даде одговор дека тоа на него не му следува со оглед дека тој период ќе биде во оставка.

- “ Мене нема да ми следува бидејќи јас на 28 јануари ќе поднесам оставка, согласно одлуката за настапување на техничка влада. А во однос на избрани и именувани функцционери, градоначалници, судии, пратеници, обвинители, директори, 21 министер, за тоа има работна група која својот заклучок треба да го достави до Собранието и тоа да го даде последниот збор“, вели премиерот Ковачевски.