Миленичето на скопскиот градоначалник стана жител на Зоолошката градина

Во домот на Шилегови завчера беше ден на жалост. Нивното милениче, желката Изабела го напушти домот на скопскиот градоначалник и стана жител на Зоолошката градина.

– Мојата Изабела сега е жител на Зоолошка. Ја чувавме дома во аквариумот цели 8 години. Кога видовме дека аквариумот и стана мал, не сакавме повеќе да ја мачиме да живее во толку мал простор, ја однесов во Зоолошка и ја пуштив во езерото. Тој ден беше ден на жалост кај мене дома – за Вечер изјави градоначалникот Петре Шилегов.