Мицкоски на средба со швајцарската амбасадорка: Идната влада ќе спроведе силни реформи за Македонија

Христијан Мицкоски, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката Марија Митева и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски остварија средба со Вероник Хулман, амбасадорката на Швајцарија Н.Е.

На средбата се разговараше за идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ за формирање стабилна влада, а фокусот беше ставен на борбата против криминалот и корупцијата, зголемување на економскиот развој и реформите за евроинтеграција на Македонија.

Мицкоски и се заблагодари на амбасадорката за поддршката што Македонија ја добива од Швајцарија, уште од нејзиното осамостојувањето, и ја потврди идната соработка меѓу државите.