Метеоролозите предупредуваат - невреме пристигнува во Македонија

Денеска во Македонија времето ќе биде умерено облачно и понатаму многу топло и спарно, локално ќе има и позначителна облачност, а во попладневните и во вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град, информира метеорологот Славчо Попоски.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, истиот особено Долж Повардарието ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде умерено облачно и многу топло. Во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа утре ќе имаме променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено попладне и навечер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со засилен ветер, електрични празнења и појава на град.

Во четврток се уште ќе има повремени врнежи од дожд на повеќе места, а ќе има услови и за локални грмежи, ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец, а температурите значително ќе опаднат. Утре максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 22 до 28 степени, во четврток пак истите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Во петок пак се очекува стабилизација на времето.