Месечна временска прогноза: Какво време ќе донесе мај?

Променливо облачно и претежно врнежливо ќе биде времето во текот на овој месец. Просечните температури ќе бидат променливи и ќе си движат наутро до 10 степени, а преку ден до 26 степени. 

Првата седмица во месец мај ќе донесе променливо време. Од утре до почетокот на викендот не очекува сончево време. Крајот на викендот и почетокот на новата седмица ќе донесат пронеливо време со врнежи од дожд. 

Втората седмица од овој месец ќе биде претежно врнежлива. Утринските температури ќе се движат до 10 степени, а дневните до 23. 

Третата седмица ќе започне сончево, а ќе заврши со дожд и облаци. Во овој период ќе имаме покачување на дневната температура која ќе се искачи до 24 степени. 

Последните десетина дена од месецот ќе донесат преодна стабилизација и покачување на температури. Утринските ќе се искачат до 12 степени, а дневните до 26. Времето ќе биде претежно сончево, но со врнежливи период. 

Според прогнозите и во јуни не очекува слично време, променливо со дожд и облаци. 

nike air max 90 white