Месечен хороскоп за јули 2024: Вага

Поврзете се со пријателите, овој месец.

Љубов

Емоционалната интелигенција е вашата супермоќ овој месец – способноста да читате ситуации и луѓе ќе ве води во личниот и професионалниот живот. Внимавајте да не пресудите и да станете премногу аналитички, понекогаш е неопходно да се ослободите и да му верувате на Универзумот. На овој начин можете да доживеете магична лична трансформација. Со други зборови, останете приземјени додека поминувате низ искуствата што ви ги носат вашата харизма и привлечност.

Во посветените врски, некои Ваги ќе ги обноват заветите, кажани или неискажани, а некои ќе бидат подготвени да преземат завети и да направат долгорочна посветеност во љубовта и разбирањето. На крајот на јули, можете да најдете одмор и утеха од бурното емотивно искуство во кругот на блиски пријатели и доверливи идеолошки истомисленици. Справувањето со ситни интриги и семејни прашања, како и длабоката филозофија, ќе ви помогне да најдете емоционална и духовна рамнотежа.

Една од најголемите лекции во јули е да не заборавате на своите пријатели. Кога слатката Венера ќе влезе во вашата куќа на пријателството на 11 јули, тоа ќе ве потсети кои се вашите вистински пријатели. Славете го животот заедно и не заборавајте на пријателите, бидејќи тие се вашето избрано семејство. 

Полната Месечина на 21 јули може да ве натера да посакате да поминете повеќе време сами, па затоа споделете ја оваа ваша желба со вашите сакани. Нема ништо лошо во тоа. 

Работа

Јули носи смиреност во вашиот професионален живот, ќе успеете малку да здивнете. Месецот започнува со ретроградниот Нептун во Риби на 2 јули. Имајте на ум дека овој транзит не е како ретроградниот Меркур, туку е подолг и со поголем интензитет. Кај вас се случува во куќата на здравјето, што значи дека ќе треба да најдете време за одмор и да се изборите за балансот меѓу работата и личниот живот, кој сега ви е понеопходен од било кога. На истиот ден, Меркур влегува во вашата единаесетта куќа на пријателства, што е одличен период да се посветите на себеси во друштво на пријателите. Затоа, закажете спа, масажа или пак одење на Водно заедно. 

Професионалните напори бараат прецизен пристап - ова не е месец за прескокнување на детали или донесување избрзани одлуки. Наместо тоа, време е да се планира, да се изгради основата и да се постави теренот за долгорочни проекти. Вмрежувањето ќе ви отвори неочекувани можности - останете автентични во вашите интеракции, бидејќи деловните можности можат да дојдат преку градење врски засновани на искреност и отвореност.

На 5 јули, младата Месечина во Рак ви носи нови почетоци, па затоа заокружете го овој датум во календарот бидејќи можни се убави вести поврзани со работата и финансиите. На 9 јули, Палас, познат како астероид на мудроста почнува да се движи директно во Шкорпија, што ќе ви помогне да се ослободите од финансиските грижи. Ова е одличен период за финансиска стабилност. 

Здравје

Вашето ниво на енергија може да варира на дневна основа - за да одржите рамнотежа, да усвоите и одржувате структурирана дневна рутина. Вклучете активности кои ги вклучуваат и умот и телото. Не заборавајте на редовните прошетки.