Меморандум за соработка помеѓу Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ и АД БЕГ Скопје

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ и АД БЕГ Скопје денеска ќе потпишат меморандум за соработка, со цел замена на системот на греење на Студентскиот дом од нафта за греење/мазут со приклучување кон системот на централно греење на АД БЕГ Скопје.

Како што соопшти владината прес-служба, покрај директорите на Студентскиот дом и на АД БЕГ, Дарио Николовски и Димитар Кочовски на потпишувањето на меморандумот ќе присуствуваат и министерот за образование и наука, Арбер Адеми и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.