Меџити: Утрово пиев кафе со д-р Јовев, но одлуката нема да ја променам

Разрешувањето на доктор Сашко Јовев од директорската функција во Клиниката за кардиохирургија предизвика бурни реакции во јавност, а министеорт за здравство Фатмир Меџити вели дека тоа нема да го натера да ја промени одлуката.

-Утрово пиев кафе со професорот Јовев и тој ќе продолжи да работи на клиниката со својот тим. Тој ми е пријател и колега, има моја поддршка за извршување на своите задачи, кажа Меџити.

Меџити повтори дека одлуката за разрешувањето на д-р Јовев нема да ја преиспита.