Мажот кој ќе се појави после тебе...

Секој маж со кого ќе излегувам после тебе – секогаш ќе го споредувам со тебе.

Ти си стандард за она што ќе го прифатам и она што нема да го прифатам. Фала ти што ме научи колку вредам.

Мажот кој ќе се појави после тебе, сигурно ќе го споредувам со тебе. Работите за кои велеше дека ги правам погрешно, овој маж ќе ги обожава.

Јадењата кои ги подготвував, а ти не можеше да ги поднесеш – тој ќе ужива во нив. Она што не можеше да го поднесеш кај мене, нема да му биде важно на оној кој ќе се појави после тебе.

Мажот кој ќе се појави после тебе ќе ме прифати баш онаква каква што сум. Ќе ме прифати таква каква што сум, затоа што мудро ќе го изберам. Ќе го изберам мажот кој ќе го цени фактот дека е со мене.

Ќе одберам маж кој ќе ме почитува на начин на кој ти никогаш не знаеше. Се надевам дека тој маж после тебе ќе знае да сака, да ме сака на начин на кој ти не можеше.

Мажот кој ќе се појави после тебе нема да те познава. Нема да знае што сме имале заедно. Нема да сфати низ што сме проаѓале. Сите мажи после тебе секогаш ќе ги споредувам со тебе.

Мажот кој ќе се појави после тебе ќе биде благодарен што си ме оставил. Ќе биде благодарен што си ми помогнал да сфатам што заслужувам. Мажот кој ќе се појави после тебе ќе биде благодарен што си го подготвил за бура која сигурно ќе ја издржиме кога ќе бидеме заедно.

Мажот после тебе ќе сфати што значи да бидеш со жена која знае колку вреди.

Мажот кој ќе дојде после тебе ќе сака да биде дел од мојот живот на начин на кој ти никогаш не си можел да знаеш.

Тоа е убавината на овој свет, од толку многу луѓе, една личност ќе те земе здраво за готово, а друга личност ќе биде благодарна. Се надевам дека ќе пронајдеш некоја која ќе биде благодарна што те има, исто колку што мажот кој ќе се појави после тебе ќе биде благодарен што ме има.

Секогаш ќе бидеш оној кој ќе го споредувам со другите. И благодарна сум поради тоа.