Маж со нож се шетал низ скопски Аеродром

Полицијата вчера уапси штипјанец кој со нож се шетал низа Аеродром.

- На 22.03.2024 во 18.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.М.(46) од Штип затоа што кај него бил пронајден и одземен еден нож. Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје, соопшти полицијата.