Маж нападнат пред ресторан во Скопје

Вчера во 15:20 часот 33-годишниот Т.Р. од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 14:30 часот пред влезната врата во угостителски објект на улица „Наум Наумовски - Борче“ бил физички нападнат од страна на Е.К.

По преземени мерки против лицето е поднесен соодветен поднесок, информира МВР.