Маж нападнал момче на мотор на Партизанска и му го повредил рамото

Расправија на пешачки премин на булеварот Партизански одреди кај Архитектонскиот факултет резултираше со повикување Брза помош.

Од порталот Либертас пишуваат дека според изјавите на очевидците, повозрасниот маж го нападнал момчето на мотор и го турнал, по што момчето се здобило со повреда на рамото.

Со возило на Брза помош веднаш било пренесено во болница. 

Причините за расправијата сѐ уште не се познати.