Марк Руте цел живот се вози со точак, а денес ќе блокираме милионски град за да го повозиме со кола, пратња, сите адети...

Холандскиот премиер Марк Руте денеска пристигнува во работна посета на Скопје. 

Сообраќајот во Скопје, на одредени места ќе биде блокиран и изменет, согласно безбедносните протоколи за посета на претставници на високата странска дипломатија. 

Интересен факт кој го нотираа јавноста на социјалните мрежи е дека Руте е планетарно познат што на работа оди со велосипед, без оглед што е премиер, а сега Скопје ќе биде блокирано за да тој пристигне со автомобил, согласно протоколите. 

51-годишниот политичар е еден од најприродните политичари во светот и луѓето од целиот свет го обожаваат поради навиката да оди на работа сo велосипед секој ден. Несомнено, тој тоа го прави за да ги инспирира луѓето да ги остават своите автомобили за кратки реалции. 

-Колку сме покварени потврдува фактот што Mark Rutte цел живот се вози со точак, а денес ќе блокираме милионски град за да го повозиме со кола, пратња, сите адети, од овде до онаму, гласи статусот на Адил Бакиу.