Мапа: Ручекот е најевтин во Македонија, а најскап во Швајцарија

Македонија ја има најевтината храна во Европа.Ова го покажуваат последните податоци на Еуростат.

Агенцијата Еуростат направи споредба на цените на храната и пијалаците во Европа. Најевтина храна има во Македонија, во Полска, Романија, Албанија, Србија и Бугарија. Од друга страна, најскапа е храната во Швајцарија, Норвешка, Данска, Исланд и Шведска.

Во Романија се најевтини лебот и житариците, а во Албанија месото. Евтина риба има во Бугарија, а во Полска евтини се млечните производи. Бугарија исто така има евтини цигари и пијалоци.

Сепак, ако се споредат приходите на земјите, нашата земја е на дното во регионот.