Малолетници во училишен тоалет оставиле список со закани за ученици

СВР Тетово соопшти дека полициски службеници извршиле разговор со 11-годишни ученици, откако добиле пријава дека малолетниците оставиле список со закани за други ученици.

-Во присуство на нивните родители, психолог и педагог, извршен е службен разговор со 11-годишна малолетничка и 11-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава во СВР Тетово дека во тоалет во основното училиште каде учат оставиле лист хартија со имиња на ученици и закани кон нив, велат од СВР Тетово.

Според информацијата од СВР Тетово, известен е Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.