Малолетници со оружје се шетале на улица во Тетово

Малолетнци уапсени со оружје низ улица. 
На 10.05.20222 во 12.05 часот на улица „Видое Смилевски Бато“, полициски службеници од СВР Тетово привеле двајца малолетници од Тетово и еден од тетовско Озормиште, затоа што кај нив биле пронајдени два ножа и метален предмет.  

Со нив, во присуство на нивните родители, во Полициска станица во Тетово бил извршен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок по член 80  од Законот за оружје, информираа од МВР.