Малолетна девојка оставена сама на себе, сака да почне живот со своето дете

Девојка од Скопје, која доктор Горан Трајковски ја нарече Маја, за да ја заштити, бара помош да почне живот со своето бебе. 

Таа останала бремена додека била малолетна, а сега бебето е во згрижувачко семејство. 

„Маја“ го завршува средното стручно образование, а преку познатиот и популарен доктор на Инстаграм, Горан Трајковски, бара помош за вработување и стан кој би можела да го плаќа сама. 

Родителите не ја прифаќаат назад со бебето. Нејзината приказна трогна многумина, а секој кој има можност може да помогне преку овој линк, или пак на некој начин да помогнат со понуда за работа. 

Девојката е спремна на сè. Дознајте повеќе за нејзината приказна од ова видео: