Малолетен моторџија прегази мајка и дете на пешачки во Карпош

Дете и мајка биле удрени вчера попладне на пешачки премин во скопската населба Карпош 4, извести МВР.

Според полицијата, вчера (12.03) во 16.45 во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Никола Парапунов“, мотоцикл управуван од 17-годишник удрил во М.К. и малолетник, кои биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Возачот на мотоциклот бегајќи од местото потоа удрил во автомобил „лада“, кој се движел во спротивна насока.

Увид извршила екипа на СВР Скопје.