Неодамна во Зоолошката градина во Скопје пристигнаа фламингата. Тие се едни од најегзотичните птици.
Мала лагуна од 40 квадратни метри со многу зеленило, езерце и посебен дел за храна е новото, скопско живеалиште на јатото егзотични фламинга во Зоолошката градина.
Прекрасни птици во кои се вљубуваат сите, од најмали до најстари. Убавината која мора да се види во живо. Убавината која е сто пати поубава од сликите. Нешто што мора да се доживее.
Зоолошката градина во Скопје е отворена за сите граѓани, а за посетителите воведени се потребните мерки за заштита од коронавирусот, како држење растојание, носење заштитна опрема и редовна дезинфекција на рацете.