Македонките полудуваат по големи задници: Оние кои немаат, можат да си купат лажен

Да се има голем задник меѓу девојките стана голем хит и неостварен сон кај оние кои природата не била толку дарежлива. Жените практично се "убиваат" од вежабње во теретана за да го постигнат тоа, а некои се одлучуваат тоа да го направат со естетска корекција.

Доколку имате кружен задник тој може да ви ги зголеми шансите кај мажите, но и да му допринесе на вашето здравје. Во светот најпопуларни се големите задници на Џенифер Лопез, Бијонсе, Селма Хаек и сестрите Кардашијан. 

За оние кои немаат навика за вежбање или потенцијал природно да го добијат задникот, можат по тезгите на пазарите како и во продавниците да си купат гаќи кои ја зголемуваат позаднината, како и хеланки кои се обележани и стеснети на деловите каде треба да го подигнат задникот кој визуелно добива на големина, цените на овие помагала се движат од 500 до 1000 денари.

Неспорно е дека големиот задник на мажите им е многу секси, меѓутоа што навистина му прави на вашето здравје? Доколку е природен, тој е изграден од масни наслаги и мускули. Неодамна едно истражување покажало дека жените кои имаат повеќе масти околу колковите и бутовите имаат мали шанси да заболат од дијабетес, но можат да добијат инфаркт.

Додатната количина на масти во долниот дел од телото се однесува како сунѓер кој упива масти и не дозволува тие да стигнат до внатрешните органи. Жените со поголем задник имаа таканаречена "круша" градба. За разлика од "јаболко" каде мастите се складираат во центарот на телото, па овде нема опасности од додавање масти во пределот на стомакот и струкот што е многу опасно бидејќи содржи хемикалии кои многу лесно можат да стигнат до крвотокот.

 Но, ситуацијата не е толку позитивна кај жените кои веќе имаат прекумерна тежина. Големиот задник, но и останатите делови од телото покажуваат дека нивото на масти веќе е големо и може да доведе до оштетување на плуќата и срцето. Масните наслаги на стомакот и органите во утробата можат да бидат многу опасни и можат да пуштаат штетни хемикалии кои може да бидат фатални за срцето. Масните наслаги на  и бутовите, кои се наречени подкожни, не се ни малку штетни по нашето здравје.