„МАКЕДОНИСИМО“ на Трпчески вечерва пред МОБ

Реномираниот македонски пијанист Симон Трпчески, вечерва на платото пред Национална опера и балет, ќе ја почести публиката со концерт, наречен „МАКЕДОНИСИМО“. Концертот е бесплатен, а започнува од 20 часот. 

На својот Фејсбук профил, пијанистот го најавува концертот веќе одреден период, а последно објави и дел од атмосферата од претпремиерата од селото Збажди на планината Караорман, кое е воедно и родното место на неговиот татко. Трпчески најавува спектакл, а предвидено е концертот да трае 90 минути.