Македонија во мало на падините на Водно

Македонското село,  се наоѓа спроти манастирот „Свети Пантелејмон" во Горно Нерези на Водно, на територија на Општина Kарпош.

Комплексот е сочинет од 12 тематски куќи, а секоја претставува по еден град од Македонија -  беровска, делчевска, кумановска, реканска, струшка, прилепска, тетовска, кратовска, галичка, битолска, велешка и куќа од Скопска Црна Гора.

Во долниот дел од куќите се дел од занаетчиските работилници, додека на горниот кат има соби за престој. Во битолската куќа, на пример, се наоѓа споменатата грнчарска работилница, па тие што ги интересира ќе имаат можност да влезат внатре, да се обидат сами да направат нешто со помош на занаетчијата вработен таму, или пак да купат нешто од готовите производи.

За комплетно уживање и доживување, обезбеден е и простор за најмалите, каде што ќе можат да се забавуваат, како и огромно зелено пространство со домашни животни, што исто така буди интерес кај најмладите, па и возрасните љубители на животни.

Комплексот се простира на околу 10.000 квадрати, а располага со 50 вработени, а се очекува вкупната бројка да биде околу 70.

Доколку немате автомобил во Македонското село може да стигнете и со  градскиот превоз, односно со автобусот „28“, која сообраќа на релација Транспортен центар-Нерези, односно до комплексот „Македонско село“ на Водно.