Македонија најбезбедна земја во Западен Балкан, според Институтот за економија и мир

Според новите податоци на Институтот за економија и мир, Западен Балкан во изминатиот период генерално забележува значаен напредок во поглед на мирот, безбедноста и внатрешната стабилност. 

На глобално ниво, Исланд е и понатаму најбезбедна земја во светот, а на последно место во моментов е Авганистан, поради состојбата по повлекувањето на американските сили и преземањето на земјата од страна на Талибанците.

Република Северна Македонија е земја која според овие мерења и податоци, е најбезбедна земја на Западен Балкан. Нашата земја бележи напредок од 11 места споредено со минатата година, помал напредок има кај Црна Гора и Босна и Херцеговина, Косово е на исто место како и лани, додека пак Србија и Албанија паднаа за три, односно две позиции на оваа листа. 

Повеќе за овие податоци можете да најдете во публикацијата „Индекс на мирот за 2021 година“.