Македонците не се плашат од корона - со негативен ПЦР тест заминуваат на скијање на Копаоник

Македонците не се плашат од корона вирусот. Со негативен тест, кој беше до денеска задолжителен за влез во Србија, заминуваат на скијање на Копаоник. 

Иако се очекуваше цените оваа зима на Копаонк да бидат намалени, сепак тие останаа исти. 

Од македонските туристчки агенции нудат понуди за зимување на Копаоник. Цените за една ноќ се од 40 евра, па нагоре. 

Оние кои се љубители на зимата, на снегот и на скијањето, не им пречи тоа што владее пандемија. 

Побарувачката оваа година е многу помала, за разлика од претходните години, но сепак има заинтересирани, велат од агенциите. 

Копаоник денес е значаен туристички центар во Србија со многубројни капацитети за сместување, систем на жичници и скијачки патеки, со одлична инфраструктура. Во непосредната близина на Копаоник е месноста Брзече, на источната падина, каде што се градат многубројни хотели, викенд-куќи со голема понуда на кревети за спиење. Извонредно место со гостопримливи домаќини.

Убаво е да се посети Копаоник. Да се престојува во овој предел со развиен зимски туризам. Да се ужива во спортскиот центар со жичниците, ски-лифтовите, уредените скијачки терени, во хотелите, одморалиштата, кои се на висина од над 1.000 метри. А ако скијањето не ви е предизвик, тука се и бањските одморалишта и повеќето места, кои нудат селски туризам.