Македонците не се добредојдени во Вурвуру (ФОТО)

„Кој нема каско осигуривање, а оди на одмор во Грција, нека тргне 500-600 евра на страна, за не дај боже“, советува паталец, кој од одмор во Грција ќе се врати директно во автомеханичарски салон за да ја санира штетата од „грчкото добредојде“.

Скопјанецот на Фејсбук споделил фотографии од своето оштетено возило во Вурвуру, популарно летувалиште на вториот крак на Халкидики, Ситонија.