Македонци во Грција криумчареле мигранти, едниот бил чувар, другиот командир на затворската полиција во Идризово

Минатиот петок во Грција биле уапсени две лица од Македонија како помагале во криумчарање на мигранти, додека другото третото лице кој им бил соучесник бил фатен на локален пат во општината Еврос, во северозападниот дел на Грција (во близина на границата со Турција) со полн автомобил мигранти. Се претпоставува дека и ова лице е македонец.

Уапсените веднаш биле изведени пред обвинител во градот Александруполи и им била одредена мерка привремен притвор се до судењето.

Од информациите што се појавија во тамошните медиуми, едниот од уапсените рекол дека е командир на затворската полиција во Скопје за што и доставил соодветен документ од Министерство. Полицијата ги одзела и двата автомобили како и мобилните телефони на уапсените.