Лука Кржалоски: Градските власти покажаа дека чистиот воздух не е приоритет

Наредната година буџетот на Град Скопје ќе изнесува 6,5 милијарди денари. Според предлогот, што денеска е на дневен ред на седницата на Советот, Градот планира инфраструктурни проекти, поддршка на локален економски развој и развој на туризмот, за изградба на паркови и зеленилo.

Расправата за буџетот е сеуште во тек, а со свој статус на социјалните мрежи се огласи Лука Кржелоски, советник во Град Скопје и доскорошен Претседател на Унијата на Млади Сили на ВМРО ДПМНЕ. Во својата објава ја обвинува градската администрација дека нема слух за проектите поврзани со животната средина и младите. 

Во објавата на Кржалоски тој потенцира дека со адмaни интервенирал во Буџетот за 2019-та година. Амандманите се однесувале за еко поставување дрва - зелен билборд  во сите 10 општини во град Скопје кои треба да заменат 300 дрва. Но, амадманите биле одбиени од власта во Скопје. 

Преку амандмани побарав да се постават еко дрва (зелен билборд), во сите 10 општини во град Скопје, кои заменуваат над 300 дрва и со кои ќе се влијае на подобрување на квалитетот на воздухот, иако за тоа се потребни многу поголеми мерки и средства, но е добар почеток, објави тој во својот фејсбук статус. 

Освен поставување на зелени билборди Кржалоски побарал и покачување за 10% на стипендии за спортистите и дополнителни средства за отворање на Канцеларија за млади во Скопје. И овие два предлози биле одбиени од страна на советниците од СДСМ. 

Статусот за Кржалоски го пренесуваме во целост: 

Во моментов на седница на Советот на Град Скопје се разгледува Буџетот за идната година. Со жалење можам да констатирам...

Posted by Лука Кржалоски on Monday, December 17, 2018