Љутков: Ќе ја вратиме националната култура и гордоста на културните работници

Зоран Љутков, предложен за министер за култура и туризам од ВМРО-ДПМНЕ, изрази благодарност до претседателот Мицкоски и комитетите за довербата. Тој вети напорна работа и брзи резултати за враќање на националната култура и гордоста на културните работници.

"По предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Централниот и Извршниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за култура и туризам!“, напиша Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи.

„Голема чест за мене,голема одговорност и предизвик! Благодарам на претседателот Христијан Мицкоски, како и на сите членови на Извршниот и Централниот комитет за довербата и поддршката! Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија!“, додаде Љутков.

Тој вети напорна работа и брзи резултати.