Лаги кои ни ги кажува нашиот мозок кога сме тажни: Поради овие седум лаги се чувствуваме уште полошо и потажно

Немој да веруваш во нив. Кога си тажен и кога се чувствуваш лошо, ќе одлуташ со мислите на некои темни места. Нашиот мозок тогаш дополнително те саботира и ти ја полни главата со лаги поради кои тогаш се чувствуваш уште полошо.

Сите ги имаме оние денови кога се чувствуваме посебно тажно и помалку дури и депресивно. Ни се чини дека сѐ е лошо, дека не можеме повеќе ништо да направиме за да ја поправиме ситуацијата и тагата нѐ гуши. Што и да се случило, веројатно не е толку страшно колку што ви се чини на прв поглед. Кога ќе помине некое време, ќе видите дека ќе бидете подобро. Што можете сега да направите за да се чувствувате подобро? За почеток, можете да престанете да им верувате на лошите мисли кои ви се ројат во главата. Кога сме тажни, сѐ гледаме црно, во главата ни се вртат најлоши сценарија, а нашиот мозок свесно нѐ тера да веруваме во лаги кои се апсултно невистинити. Но ние сме паметни и никогаш нема да потклекнеме на следниве деструктивни мисли и самообвинувања:

Ти си за сѐ крива

Никој не е совршен и сите некаде грешиме. Многу пати сами себе се обвинуваме за нешто што во реалноста воопшто не била наша грешка. Кога сме тажни, тоа го гледаме со други очи и се чувствуваме како да сме и тоа како виновни. Често пати кога ќе настане некој проблем, виновникот не е само една личност, туку сите вклучени во проблемот, секој по малку. Работите некогаш излегуваат од контрола, па дури и да си виновна, сѐ што сега можеш да направиш е да се извиниш.

Никому не му е грижа, не ги замарај луѓето со своите проблеми

Кога нешто те мачи, најлошо е да го држиш тоа во себе. Најди свој начин и полека исфрли го тоа надвор, нека исплива на површина, нека излезе од тебе. Поразговарај со некој кому му веруваш. Не ги малтретираш луѓето, сигурно некој со драго срце ќе те сослуша и ќе даде совет. Ќе се чувствуваш многу подобро кога ќе го споделиш проблемот со некого. Ако ти е тешко да го споделиш проблемот со некој, обиди се да го извадиш тоа од себе со помош на уметност – сликање, свирење, пеење.

Не си доволно добар/ра

Кога си тажна, немој да почнуваш да се споредуваш со другите. Дури тогаш ќе се чувствуваш сто пати понеспособна, поглупава или погрда. Не затоа што ти навистина си, туку затоа што сега си во таква ситуација и не можеш ниту да размислуваш ниту да гледаш позитивно. Секако дека си доволно добра, немој да дозволуваш мозокот да те уверува во спротивното.

Не ни заслужуваш друго

Уште еден начин на кој се обвинуваш и дополнително се демотивираш е кога се уверуваш самиот себе дека во никој случај не заслужуваш подобро. Се потсетуваш на некоја поголема грешка што си ја направил во минатото и поради неа си даваш оправдување дека заслужуваш да бидеш тажен. Не е вистина! Што и да се случило, што и да си направил, заслужуваш да бидеш среќен и задоволен. Ниту една грешка не може да биде толку страшна.

Не си добар човек

Една лоша одлука, една грешка или едно лошо однесување не те прави лош човек. Ти си добра личност која направила нешто не многу паметно и грдо. На сите им се случува тоа. Немој да дозволиш тоа да те дефинира како личност.

Мислиш дека ќе биде подобро? Нема

Секако дека ќе биде! Секогаш е најтешко и најлошо на почетокот, но како поминува времето, ќе ти биде сѐ подобро. Колку и да звучи глупаво или како клише, времето навистина ги лечи сите рани. Како ќе поминуваат деновите и месеците ќе бидеш сѐ подобро и подобро.

Не му/ѝ е грижа за тебе

Обично главен извор на проблемите е некоја друга личност. За кого и да се работи, немој да мислиш дека не му е грижа за тебе. Можеби те налутила или те растажила, но тоа не ги исклучува нејзините чувства кон тебе.