Културно и модерно паркирање: Катни гаражи во центарот на градот

Скопје се' уште има проблеми со паркирањето. Особено централното подрачје. И покрај воведувањето зонско паркирање и покрај изградбата на бројни катни гаражи. Во моментов во катните гаражи се располага со повеќе од 3000 слободни паркинг места.

Граѓаните ги поздравуваат овие проекти и велат дека тие се добра основа за подигнување на културата и свеста на граѓаните за одговорно учество во сообраќајот.

Сега е многу полесно и поедноставно да се стигне до паркинг место во центарот на Скопје. Само важно е да граѓаните да се навикнат да го користат овој паркинг простор. Инаку, скоро секогаш има слободен простор и истиот може да се користи во навистина пристапни цени. - вели Филип К. од Скопје кој што редовно своето возило го паркира во една од катните гаражи во Скопје.

Од градот Скопје кој што стопанисува со дел од катните гаражи информираат дека тие се задоволни од искористеноста на простор во нив. Градот стопанисува со два такви објекти во Скопје и тие речиси секојдневно работат со полн капацитет - додаваат од таму.

Скопје Инфо побара коментар од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата за тоа колку ваквите проекти придонесуваат за подобрување на сообраќајната култура во Скопје.

Ние ги поддржуваваме и поздравуваме овие проекти затоа што истиот се чекор напред во унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, но уште многу работи треба да се променат за да промени генералната состојба. Пред се, личната свеста за користење на овие паркинг простори и општо за безбедно учество во сообраќајот. - велат од РСБСП.

Според анализата што ја направи Скопје Инфо во централното градско подрачје функционираат 7 нови катни паркиралишта кои што нудат повеќе од 3000 слободни паркинг места. Цената генерално е ниска и истата се двиижи од околу 30 денари по час до 2000 денари за месечна карта.

1. Катна гаража Разловечко востание

Вкупната површина на објектот што се наоѓа спроти Градскиот трговски центар и Трговскиот Центар “Соравија” е 23.000 метри квадратни, од кои 20.000 метри квадратни се наменети за паркинг простор распоредени на девет надземни и едно подземно ниво.

Локација: улица „Мирче Ацев“ број 2 Општина Центар Град Скопје (наспроти „Градски трговски центар“).

Број на паркинг места: 516 паркинг места сместени на 22 полунивоа и е со висина од 28,80 м на највисокото паркинг ниво.

Цени: Паркирање за 1 час: 30 денари, Месечна претплата за физички лица: 1.000 денари, Месечна претплата правни лица: 2.000 денари.

2. Катна гаража Македонска фаланга

Таа претставува сигурно место за паркирање без временско ограничување, со прифатливи цени и слободно паркинг место во секое време.

Локација: Булевар „Свети Кирил и Методиј“ (Во непосредна близина на Музеј на Град Скопје)

Број на паркинг места: 445 паркинг места, од кои 17 паркинг места се наменети за лица со посебни потреби

Цени: Паркирање еден час - 30 денари, Месечна претплата за физички и правни лица - 2.000 денари, Годишна претплата за физички и правни лица - 2.000 денари, Месечна претплата за резервирано паркинг место - 6.000 денари, Годишна претплата вработен во правен субјект лоциран во близина - 1.000 денари

3. Катна гаража Солунски конгрес

Објектот - Катна гаража „СОЛУНСКИ КОНГРЕС“ представува архитектонско-инженерски објект во кој се вградени најсовремени технологии за автоматско паркирање односно гаражирање на лесни моторни возила.

Локација:  улица „1740“ бр. 11 (ул.„Кеј 13 Ноември“ бб) Општина Центар Град Скопје (во непосредна близина на објектот на МЕПСО и Шалтер сала на Македонски пошти)

Број на паркинг места: 80 паркинг места, сместени во едно подземно ниво, девет надземни и едно полу ниво, паркирањето е со автоматизиран систем

Цени: Паркирање за 1 час: 30 денари, Месечна претплата за физички лица: 1.000 денари, Месечна претплата правни лица: 3.000 денари.

4. Катна гаража Филип Втори Македонски

Новоизградената катна гаража на компанијата „Макоил“ лоцирана покрај булеварот Крсте Петков Мисирков, непосредно до Националната и универзитетска библиотека во Скопје

Локација: Покрај булеварот Крсте Петков Мисирков, непосредно до Националната и универзитетска библиотека во Скопје

Број на паркинг места: 275 паркинг места

Цени: Паркирање за 1 час: 30 денари

5. Катна гаража Зебра

Првиот објект во кој има и катна гаража се отвори во населбата Капиштец. Сопственик на катната гаража е приватната компанија Тинекс.

Локација: улица Васил Ѓорѓов спроти дирекцијата на "Жито лукс"

Број на паркинг места: 300 паркинг места

Цени: Паркирање за 1 час: 20 денари (за посетителите кои пазарувале во објектот првите два часа ќе бидат бесплатни)

6. Катна гаража Тодор Александров

Гаражата е од современ тип , со капацитет од вкупно 605 паркинг места за возила,вклучувајќи ги тука и паркинг местата за лицата со посебни потреби,како и 120 паркинг места за велосипеди.

Локација: улица Даме Груев бр.14, во близина на ТЦЦ Плаза

Број на паркинг места: вкупно 605 паркинг места за возила,вклучувајќи ги тука и паркинг местата за лицата со посебни потреби,како и 120 паркинг места за велосипеди.

Цени: Паркирање еден час - 30 денари, Месечна претплата за физички и правни лица - 2.000 денари, Годишна претплата за физички и правни лица - 2.000 денари, Месечна претплата за резервирано паркинг место - 6.000 денари, Годишна претплата вработен во правен субјект лоциран во близина - 1.000 денари

7. Подземна гаража Кресненско востание

Ова е последната во низата изградени гаражи. Со неа ќе се помогне во решавањето на проблемот со паркирањето во центарот на градот.

Локација: пред објектот на Македонската опера и балет, меѓу новите објекти на Археолошкиот музеј, колонадата и Министерството за надворешни работи

Број на паркинг места: 500 паркинг места (430 комерцијални и 70 службени места)

Цени: Бесплатно (во промотивниот период)