Култната „Ванила“ денес е казино!

Култното место на старо Скопје, слаткарницата Ванила, е синоним за дружба и љубов во едни минати безгрижни времиња.

Некогаш во Ванила се одеше по шампити, а местото беше „збирно“. Тука се чекаа другари, се собираа друштва, се состануваа вљубени...

Денес на ова место има казино.

Старите скопјани со носталгија во гласот се сеќеваат на ова култно место и жалат што денес на ова место во самото срце на градот има казино, а трговскиот центар и просторот околу е, како што велат, некако празен.