Куклена претстава за деца и показни вежби на АРМ и МВР денеска кај Школка

Со низа свечени и културни активности денеска  се слави големиот празник, 8 Септември – Денот на независноста.

Согласно програмата, од 11:00 часот до 14:00 часот, во Скопје, во Градскиот парк на „Школка“ се одржува манифестација која вклучува програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат куклената претстава „Лакомата Меца“, како и тактичко показни вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи.