Кривична за 75-годишник кој физички ја нападнал снаа си

Кривично ќе се гони тетовец кој физички ја нападнал снаа си. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.З.(75) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство.

Како што соопштија од полицијата, на 05.03.2024 во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата снаа Н.Б..