Кривична за 18- годишен скопски дилер: Еве што било пронајдено во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Т. (18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 13 мај годинава околу 14:20 часот на улицата „Маџари 2” во Скопје, полициски службеници при преглед на Т.Т. пронашле и одзеле 196,4 грама марихуана.

При претрес, пак, на домот на Т.Т. се пронајдени и одземени шише со непозната течност и цвет од непознато растение.